АПРЗ е национално јавно тело формирано со Законот за основање од 1998 година, а неговите вработени имаат статус на државни службеници. Во рамките на 8-те региони АПРЗ има 30 локални канцеларии низ целата земја, екипирани со 67 земјоделски советници и седиште во Битола.
Агенцијата обезбедува советодавни услуги за земјоделците и другите економски оператори од примарниот сектор со цел да се постигне ефикасно и конкурентно земјоделско производство и одржлив рурален развој.
Услугите се обезбедуваат преку трансфер на информации, знаења и вештини на клиентите за усвојување на технологии и практики за одржливо производство. Исто така, им помага на земјоделците подобро да ги разберат барањата за добри земјоделски и еколошки услови, како и поддршка на ИПАРД фондовите и другите национални шеми.
Дополнително, АПЗР е одговорна за собирање сметководствени податоци од Земјоделски стопанства за целите на Мрежата за сметководственио податоци од фарми (ФАДН).