Проектот Карбоника е четиригодишен проект кој има за цел поврзување на иновативните еко-системи за методите од областа на Земјоделство со намалени количини на јаглеродни емисии од Грција, Северна Македонија и Кипар, преку основање на Центар за Извонредност на Карбоника (CEH).
Центарот за Извонредност на Карбоника (CEH) ќе ги зајакне локалните иновации и извонредност во трите (3) земји како би се постигнало зголемено колективно разбирање и широка примена на методите за Земјоделство со намалени количини на јаглеродни емисии. CEH исто така има за цел да поттикне долгорочна прекугранична соработка и силни одржливи врски помеѓу чинителите на Четирикратната спирала во вклучените иновациски еко-системи, со цел да се поттикне трансферот на знаење, да се изострат претприемачките вештини и да се прошири колективниот капацитет во областа на Земјоделство со намалени количини на јаглеродни емисии. На крајот, Центарот ќе поддржува создавање на бизнис можности од областа на Земјоделство со намалени количини на јаглеродни емисии преку премостување на јазот помеѓу науката и индустријата и воспоставување на практики за привлекување на иноватори и инвеститори и подобрувања во примената на овие практики.
од Грција, Северна Македонија и Кипар
во регионот на земјите од проширениот состав на ЕУ
to be mapped & enhanced
Are you a start-up or SME in Greece, Cyprus, or North Macedonia working on carbon farming?
Apply by 30 May 2025 for expert support, training, and investor-ready tools.