Платформа за зелен развој е невладина организација фокусирана на воведување на концептот за зелен развој во земјоделството, руралниот развој и животната средина. Клучните операции се во областа на земјоделството и сродните индустрии, како и употребата на ИКТ е во функција на зелениот развој. Специфични компетенции во пилотирање од големи размери, образование и обука, комплексна анализа (политики, индустрија) и бизнис моделирање. Големо знаење и искуство во областа на земјоделската технологија, агробизнисот, дигиталното земјоделство, био-базираната индустрија, руралните политики, управувањето со отпад, прехранбената индустрија, климатските промени и биодиверзитетот. Експертиза за развој и извршување на иновативни, истражувачки и образовни проекти финансирани од различни програми и донатори (Хоризонт, Еразмус+, ОН-ФАО, Вишеградски фондови и локални фондови).